Брза пита колач со крушки или јаболка

Брза пита колач со крушки или јаболка

Мек и едноставен колач за 10 минути!

Состојки:

  • 4 јајца
  • 100 гр шеќер
  • 3 кесички ванилин шеќер или арома
  • 100 гр растопен путер или маргарин
  • 200 мл млеко
  • 300 гр брашно
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • малку изрендана кора од лимон
  • 5 крушки или 3-4 јаболка
  • 2 лажици шеќер и 1 лажичка цимет за посипување

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер и ванила, додајте путер, млеко, брашно, прашок за печиво, лимон. Разматете.
  2. Половина ставете во намастен плех, наредете овошје, прекријте со остатокот од тестото и посипете со мешавина од шеќер и цимет.
  3. Печениот колач посипете го со шеќер во прав или послужете со шлаг, сладолед…

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

https://youtu.be/JVrdjtXvd9o

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство