Брз, вкусен и здрав оброк.
Состојки:
- 8 јајца
- 300 гр спанаќ
- 200 мл кисела павлака Пекабела
- 2 лажици павлака за готвење
- сол
- бибер
- мускатно оревче
- 2 лажици презла
- 60 гр рендано сирење
- 1 лажица путер
Начин на подготовка:
- Јајцата гответе ги околу 5 минути, да бидат полутврди. Излупете ги и пресечете ги на половина. Спанаќот исчистете го, измијте го, кратко бланширајте го и исцедете го. Разматете кисела павлака и павлака за готвење, па зачинете.
- Јајцата наредете ги во огноотпорен сад кој сте го премачкале со путер, прекријте ги со спанаќ и залијте со мешавина од павлака. Посипете со презла и сирење па печете во рерна околу 10 минути додека сирењето не се растопи.
Добар апетит!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега