Телешки шницли

Телешки шницли

Вкусни телешки шницли кои ќе ги обожавате!

Состојки:

  • 500 гр телешки шницли
  • 1 лажица брашно
  • 2-3 лажици масло
  • 2 чешниња лук
  • црвена пипер
  • бибер
  • магдонос
  • микс од зачини

Начин на подготовка:

  1. Шницлите исечете ги на подебели парчиња и исчукајте ги, па пропржете ги на масло. Кога малку ќе поруменат, извадете ги шницлите, па на истото масло пропржете лук, додајте брашно, пипер, зачини и бибер па налијте со вода за да добиете сос. 
  2. Шницлите вратете ги во сосот и гответе ги со доливање вода додека не омекнат. Можете да ги издинстате и во експрес лонец, за да бидат меки и неодоливи. 
  3. Кога шницлите ќе бидат готови, преку нив посипете малку сечкан магдонос. 
  4. Вака подготвеното месо послужете го со помфрит, пире од компири или ориз.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text