Кремаст колач со праски

Кремаст колач со праски

Вистинско уживање!

Состојки:

  • 3 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 3 лажици масло
  • 3 лажици млеко
  • 3 лажици брашно
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за печиво
  • излупени и иситнети праски
  • 2 пудинга од слатка павлака
  • 600 мл млеко
  • 1 шлаг крем

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца, додајте шеќер и ванила и продолжете со матење. Додајте масло и млеко, прашок за печиво и брашно, продолжете со матење. 
  2. Смесата ставете ја во калап и печете 15 минути на 200 степени. 
  3. Преку врелиот бисквит ставете малку млеко, наредете праски, а преку нив ставете претходно зготвен пудинг. Оставете да се излади, па декорирајте со шлаг крем.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text