Чоко коцки – брзи и неодоливи

Чоко коцки – брзи и неодоливи

Брз и вкусен десерт…

Состојки:

  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја млеко
  • 2 дл масло
  • 4 лажици какао прав
  • 2 јајца
  • 1 шолја брашно
  • прашок за печиво
  • ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Шеќерот, млекото, маслото и какаото добро разматете ги да добиете глатка смеса. Поделете на два еднакви дела. 
  2. Едниот дел оставете го на страна. Во другиот додајте јајца, брашно со прашок за печиво и ванилин шеќер, па разматете и ставете во калап обложен со хартија за печење. 
  3. Печете 25 минути во рерна загреана на 180 степени. Врелиот колач прелијте го со смесата која сте ја оставиле на страна. Колачот оставете го три часа и потоа исечете го на коцки.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text