Со 5 состојки за 5 минути: Брза и освежувачка салата со пченка и шунка

Со 5 состојки за 5 минути: Брза и освежувачка салата со пченка и шунка

Брза салата со пченка и шунка…

Состојки:

  • 150 гр сечкана шунка
  • 100 гр сирење (кашкавал, гауда)
  • 130 гр пченка од конзерва или зготвена
  • 50 гр мајонез
  • 200 гр кисела павлака

Начин на подготовка:

  1. Шунката исечкајте ја на ситни коцки. Сирењето изрендајте го. Пченката згответе ја и исцедете ја. Ако користите пченка од конзерва, исцедете и измијте.

     

  2. Во голема чинија ставете ги состојките и добро измешајте. Ставете мајонез и павлака па соединете. Салатата можете да ја послужите веднаш, но повкусна е ако отстои во фрижидер.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Cooking“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text