Неодоливи кокос палачинки

Неодоливи кокос палачинки

Уживајте во вкусни кокос палачинки…

Состојки:

  • 1/4 шолја кокосово брашно
  • 1/2 лажичка прашок за печиво
  • прстофат сол
  • 3 лажици кокосово масло + уште за пржење
  • 1 лажица мед
  • 3 јајца
  • 1/3 шолја бадемово млеко
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • лажичка рендана кора од лимон
  • прелив по желба (мед, џем…)

Начин на подготовка:

  1. Во сад со средна големина измешајте брашно, прашок за печиво и сол.
  2. Во посебен сад измешајте 3 лажици кокосово масло и мед. Добро измешајте, но не грижете се ако остане некоја грутка. Додајте едно по едно јајце, а притоа непрекинато мешајте. Додајте и бадемово млеко, екстракт од ванила и кора од лимон.
  3. Додајте ја смесата со мед и јајца во сувите состојки и добро измешајте. Не претерувајте со мешање, за палачинките да бидат меки.
  4. Загрејте во тава кокосово масло и ставете од смесата. Испечете палачинки.
  5. Готовите палачинки прелијте ги со прелив по желба и послужете.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Солени палачинки

Палачинките на Леа

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка

singlepost_text