Сите ќе ви бараат рецепт: Торта со пудинг и банана за 10 минути

Сите ќе ви бараат рецепт: Торта со пудинг и банана за 10 минути

Одлична торта која не се пече.

Состојки:

  • 3 банани
  • 200 гр какао бисквити
  • 1 л млеко
  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 8 лажици какао
  • 8 лажици шеќер
  • 3 лажици пченкарен скроб
  • 100 гр путер

Начин на подготовка:

  1. Бананите исечкајте ги на дебели парчиња, па наредете во кружен калап кој сте го обложиле со проѕирна фолија.

     

  2. Измешајте какао, пудинг, шеќер, скроб и додајте во млекото, измешајте да се соедини. Гответе додека не згусне со постојано мешање. Потоа во врелиот пудинг додајте путер и разматете. Ставете преку бананите, но оставете малку.

     

  3. Потоа иситнете бисквити во пудингот и ставете го останатиот пудинг преку. Израмнете. Ставете во фрижидере на еден час. Ако сакате посипете со кокос.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text