Брза подготовка, неодоливи посни колачиња…
Состојки:
- 300 гр крупно сечкани печени лешници + малку мелени лешници за посипување
- 200 гр наполитанки со лешник, посни
- 200 гр маргарин
- 200 гр чоколадо
- малку мелени посни бисквити по потреба
- 200 гр чоколадо за прелив
- 2 лажици мед за прелив
- 100 гр маргарин за прелив
Начин на подготовка:
- Сомелете ги наполитанките и додајте сечкани лешници. Разматете го маргаринот со растопено чоколадо и додајте го во масата од наполитанки и лешници.
- Добро соединете и правете топчиња. Ставете ги во фрижидер на два часа да стегнат.
- За прелив растопете чоколадо со маргарин и мед. Топчињата со лажица спуштајте ги во чоколадото и извалкајте ги во мелени лешници.
- Ако е потребно да бидат поцврсти во топчињата можете да додадете малку мелени посни бисквити.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега