Крем чорба од компири: Вкусен и хранлив оброк полн со витамини

Крем чорба од компири: Вкусен и хранлив оброк полн со витамини

Идеален ручек готов за миг!

Состојки:

  • 500 гр компири
  • 1 коцка путер
  • 2 мали шолји мелко
  • 1 јајце
  • зачини по желба

Начин на подготовка:

  1. Компирите излупете ги и ставете ги да се готват на вообичаен начин. Кога компирите ќе бидат готови, испасирајте ги и вратете ги во водата во која се готвеле, па додајте путер, млеко и зачини по желба.

     

  2. Гответе така уште десетина минути, па тргнете од шпорет и додајте разматено јајце.

     

  3. Ако сакате, во чорбата можете да додадете и лажица павлака, како и кубети.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text