Подгответе чипс од тиквици на едноставен начин.
Состојки:
- 1 тиквица
- 1 лажица маслиново масло
- сол
- бибер
- пипер
Начин на подготовка:
- Тиквицата исечкајте ја на тенки кругови. Измешајте маслиново масло, сол, бибер, пипер. Круговите тиквици извалкајте ги во ароматизирано масло и наредете на плех обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 220 степени 25-30 минути.
Добар апетит!