Пилешко бело месо во кари сос

Пилешко бело месо во кари сос

Вкусно пилешко…

Состојки:

  • 1 кг пилешко бело месо
  • сол
  • бибер
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици кари
  • 1 помала главица кромид
  • 2 чешниња лук, иситнети
  • 400 мл кокосово млеко
  • 400 гр домати, излупени, варени и исечкани
  • 200 мл доматен сос
  • 50 гр шеќер

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото посолете го и побиберете го. 
  2. Во тенџере загрејте масло и кари на средна температура околу 2 минути. Додајте кромид и лук и гответе уште една минута. Додајте пилешко и измешајте. Гответе на умерен оган уште 10 минути додека пилешкото не се зготви. 
  3. Додајте кокосово млкео, домати, доматен сос и шеќер и сè добро измешајте. Поклопете и оставете да струи околу половина час. Повремено мешајте.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text