Запечен омлет со пиперка и пармезан

Запечен омлет со пиперка и пармезан

Започнете го денот со вкусен омлет.

Состојки:

  • 5 јајца
  • сол
  • бибер
  • 40 гр пармезан
  • сирење
  • сланина
  • пиперка
  • 2 лажици млеко
  • 2 лажици брашно

Начин на подготовка:

  1. Одвојте жолчки и белки. Потоа жолчките посолете ги и побиберете ги, па додајте пармезан, млеко и брашно. Убаво разматете. Разматете и белки, а потоа додајте ја смесата од жолчки. 
  2. Сѐ добро соединете, па ставете во тепсија со димензии 22 см и печете на 180 степени околу 20 минути. Извадете од рерна и преку ставете сирење, сланина, па вратете да се пече уште 10 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text