Освежете се со домашен сладолед од банана и јагоди

Освежете се со домашен сладолед од банана и јагоди

Неодоливо освежување!

Состојки:

  • 1 л млеко или 500 мл кондензирано млеко
  • 2 лажици шеќер
  • 150 гр јагоди
  • 2 банани
  • сок од лимон
  • 100 гр чоколадо
  • 1 ванилин шеќер
  • 200 гр слатка павлака
  • 5 жолчки
  • 200 гр шлаг

Начин на подготовка:

  1. Ставете го млекото да зоврие. Додајте обичен и ванилин шеќер. Жолчките разматете ги со малку млеко, тргнете го млекото од шпорет и згответе ги жолчките. Вратете на шпорет да зоврие и непрекинато мешајте. 
  2. Кога жолчките ќе зовријат гответе уште 2 минути, тргнете ги од шпорет и добро изладете ги. Разматете слатка павлака со миксер како и шлаг. Јагодите изблендирајте ги, како и бананите, а чоколадото растопете го. 
  3. Изладените жолчки додајте ги во разматената слатка павлака и шлаг, поделете во 4 чинии. Во една додајте јагоди, во друга банани, во трета чоколадо и во четвртата сок од половина лимон. Сè посебно изедначете со миксер. 
  4. Сладоледот е готов. Оставете го да смрзне 3-4 часа, па вадете топки или чаши.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко