За 20 минути мусака со пилешко – брз и вкусен ручек

За 20 минути мусака со пилешко – брз и вкусен ручек

Мусака со пилешко, идеален оброк, брза подготовка.

Состојки:

  • 2 парчиња пилешко филе, исечкано на коцки
  • 2 јајца
  • 100 мл павлака за готвење
  • оригано
  • кари
  • бибер
  • сол
  • 1-2 компири
  • магдонос
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го месото на коцки, посолете и наредете во огноотпорна тепсија.

     

  2. Разматете јајца и павлака за готвење, па додајте зачини. Прелијте преку месото, па ставете и малку маслиново масло. Потоа наредете компири на кругови и исечкан магдонос, па запечете на 200 степени околу 20 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт