Чорба со блитва и ориз

Чорба со блитва и ориз

Вкусно предјадење, едноставен рецепт.

Состојки:

  • 1 веза блитва
  • 3 компири
  • 1/2 шолја ориз
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 1 мал корен целер
  • сол
  • бибер
  • сув зачин

Начин на подготовка:

  1. На малку масло пропржете кромид, морков и целер па потоа додајте компир исечкан на коцки и исчистена и исечкана блитва. Оставете да се пржи додека блитвата слегне, па потоа налијте со малку повеќе од литар вода.

     

  2. Кога ќе почне да врие додајте ориз, посолете, зачинете и оставете да се готви додека оризот не омекне.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт