10 минути за подготовка + замрзнување: Сладолед торта со бисквити и прелив од чоколадо

10 минути за подготовка + замрзнување: Сладолед торта со бисквити и прелив од чоколадо

Торта за која не ви треба рерна…

Состојки:

  • 500 мл слатка павлака
  • 150 гр бисквити
  • 30 гр путер
  • 370 гр кондензирано млеко

Начин на подготовка:

  1. Разматете слатка павлака со миксер. Додајте кондензирано млеко па матете повторно. Измешајте со шпатула. Путерот растопете го, бисквитите сомелете ги па измешајте. Во калап за чизкејк на дното ставете бисквити.

     

  2. Преку ставете смеса која сте ја разматиле. Израмнете и ставете во замрзнувач на 4-5 часа добро да стегне. По желба декорирајте со топинг од чоколадо.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт