Компири со печурки и сланина

Компири со печурки и сланина

Вкусен оброк од едноставни состојки.

Состојки:

  • 3 поголеми компири
  • 150 гр чадена сланина Пекабеско
  • 50 гр маринирани печурки
  • 3 кисели краставички
  • 100 гр кашкавал
  • 3 лажички путер

Начин на подготовка:

  1. Неизлупените компири ставете ги во претходно посолена вода. Потоа излупете ги и од една страна направете вдлабнатини, а од другата страна со нож отстранете ги нерамнините. 
  2. Во средина на секој компир ставете по 1 лажичка путер. Исечкајте сланина, краставички и печурки, измешајте и наполнете ги компирите. 
  3. Покријте со рендан кашкавал и печете во загреана рерна на 200 степени додека кашкавалот не добие убава боја.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text