Повкусно пилешко не сте пробале: Батаци во необичен сос

Повкусно пилешко не сте пробале: Батаци во необичен сос

Овој рецепт едноставно морате да го пробате!

Состојки:

  • 4 батаци со карабатаци
  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • луто пиперче
  • 2 лажички мајчина душица
  • 750 мл пасиран домат
  • 1 лажица мед
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Исечканиот кромид и лук пропржете ги на маслиново масло. Исчистете ја пиперката од семки, исечкајте ја, ставете во тавата со мајчина душица и динстајте заедно. 
  2. Додајте пасиран домат, мед, посолете, побиберете и гответе десетина минути. Во сосот ставете пилешко и крчкајте пет минути. Наредете го месото во намастен плех, прелијте со остатокот од сосот и запечете во рерна. Послужете го јадењето со прилог по желба.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text