Овошен колач со банани и пишкоти.
Состојки:
- 200 гр пишкоти
- 200 мл млеко
- 2 банани
Состојки за фил:
- 550 мл павлака
- 200 гр шеќер во прав
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 20 гр какао прав
Начин на подготовка:
- Пишкотите потопете ги во млеко, па наредете во тепсија. Разматете павлака со шеќер во прав и ванила, па ставете половина од смесата преку. Потоа наредете исечкани банани, па ставете ја другата половина од филот. Горе уште еден ред пишкоти, па посипете со какао. Ставете во фрижидер на еден час.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта