Мафини од интегрално брашно и мусли

Мафини од интегрално брашно и мусли

Подгответе вкусен и здрав оброк.

Состојки:

  • 120 гр интегрално брашно
  • 130 гр оризово брашно
  • 100 гр мусли со суво грозје
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 300 мл млеко
  • 2 лажици мед
  • 1 портокал
  • 100 мл масло
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Измешајте брашно, додајте мусли, прстофат сол и прашок за печиво.
  2. Во друг сад измешајте млеко, масло, мед и сок од портокал. Измешајте ги сите подготвени состојки и излејте во добро намастени калапи за мафини така што ќе ги наполните до две третини. Печете околу 30 минути во рерна загреана на 200 степени.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text