Брзо и вкусно јадење од пилешко месо.
Состојки:
- 2 парчиња пилешко филе, исечкани на коцки
- сол
- оригано
- кари
- бибер
- магдонос
- 2 јајца
- 100 мл павлака за готвење
- 1-2 компири
- маслиново масло
Начин на подготовка:
- Пилешкото филе исечкајте го на коцки и ставете на дно на огноотпорен сад. Во вангла разматете јајца, додајте павлака и зачини па соединете. Ставете преку пилешкото па измешајте филот да се распореди секаде. Од горе посипете со маслиново масло. Компирите исечкајте ги на кругови, па наредете преку. Посипете со магдонос и печете во загреана рерна на 200 степени 20 минути.
Добар апетит!
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт