Едноставно, брзо и вкусно…
Состојки:
- 4 тортиљи
- 3 јајца
- сол
- бибер
- 100 гр шунка
- 120 гр кашкавал
- 1 домат
- путер
Начин на подготовка:
- Намастете тава со путер. Јајцата посолете ги и додајте бибер по вкус, па разматете. Ставете половина од јајцата во тава. Преку ставете ја првата тортиља, на неа наредете шунка и рендан кашкавал, а потоа тортиља, домати и сирење. Потоа ставете тортиља, шунка сирење и на врвот тортиља. Останатите јајца распоредете ги на врвот, поклопете и ставете на рингла на умерена температура. После 5 минути свртете и повторно покријте, пржете уште пет минути.
Добар апетит!
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт