Бабин колач: Десерт со смокви и чоколаден бисквит

Бабин колач: Десерт со смокви и чоколаден бисквит

Вкусен рецепт за десерт со смокви и чоколаден бисквит.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 50 мл маслиново масло
  • 100 гр шеќер
  • 1/2 чаша јогурт
  • 1/2 чаша брашно
  • 1/2 чаша гриз
  • 1/2 прашок за печиво
  • кора од еден лимон
  • 50 гр млечно чоколадо со ориз
  • смокви

Начин на подготовка:

  1. Разматете белки со шеќер, додајте брашно и гриз со прашок за печиво. Потоа додајте масло, кора од лимон, јогурт, растопено чоколадо, разматени жолчки и добро изедначете.

     

  2. Ставете во мал плех, протресете и наредете смокви. Печете на 200 степени околу 40 минути. Посипете шеќер во прав и ванилин шеќер. Изладете па исечете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: