Брз и едноставен рецепт: Слатка проја

Брз и едноставен рецепт: Слатка проја

Послужете ја како доручек или како десерт.

Состојки:

  • 1/2 шолја пченкарно брашно (палента)
  • 1 1/2 шолја брашно
  • 1 1/4 шолја млеко
  • 2/3 шолја шеќер
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/3 шолја масло
  • 2 лажици растопен путер
  • 1 лажица мед
  • 2 јајца

Начин на подготовка:

  1. Загрејте рерна на 180 степени. Во сад измешајте палента, брашно, шеќер, сол и прашок за печиво.
  2. Додајте масло, растопен путер, мед, разматени јајца и млеко. Сè добро измешајте додека не добиете хомогена смеса, а потоа ставете во намастен и побрашнет плех.
  3. Печете го колачот во загреана рерна околу 35 минути.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед