Совршен летен ручек: Вкусни уштипци од тиквици

Совршен летен ручек: Вкусни уштипци од тиквици

Вкусен и брз оброк готов за помалку од 30 минути.

Состојки:

  • 5 тиквици
  • 500 гр сремско сирење
  • 1 јајце
  • 1 шолја презла
  • 1 шолја брашно
  • прстофат оригано
  • прстофат босилек
  • магдонос
  • 1 главица кромид

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците изрендајте ги и добро исцедете ги. Додајте сирење, јајце, бибер, оригано, сол, презла, брашно, магдонос, кромид и малку босилек.

     

  2. Смесата добро измешајте ја, па правете плескавици. Извалкајте ги во брашно, па во презла и пржете на загреано масло.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text