Пикантни свински ребра

Пикантни свински ребра

Пикантни свински ребра.

Состојки:

  • кора од 1/2 лимон
  • 2 лути црвени пиперчиња
  • 2 чешниња лук
  • неколку гранчиња коријандер
  • 20 гр рендан ѓумбир
  • 50 гр кафеав шеќер
  • 150 мл пиво
  • 100 мл кечап
  • 100 мл соја сос
  • 2 лажици ворчестер сос
  • бибер
  • 1,5 кг свински ребра

Начин на подготовка:

  1. Кората од лимон исчистена од белиот дел, лутите пиперки, лукот и коријандерот ситно исечкајте ги, измешајте ги со ѓумбир, шеќер, пиво, кечап, ворчестер и соја сос, додајте малку сол и бибер па оставете ги ребрата да отстојат 8 часа во подготвената маринада во фрижидер.
  2. Извадете ги ребрата и печете ги околу 40 минути на скара вртејќи ги и премачкувајќи ги со останатата маринада.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text