Пица со фил од спанаќ

Пица со фил од спанаќ

Вкусна пица со фил од спанаќ.

Состојки за тесто:

  • 300 гр брашно
  • 1 1/2 дл млака вода
  • 20 гр свеж квасец
  • 2 лажички маслиново масло
  • сол

Состојки за фил:

  • 500 гр спанаќ
  • 4 јајца
  • 1 шолја кисело млеко
  • масло
  • бибер
  • сол
  • мускатно оревче
  • 30 гр пармезан

Начин на подготовка:

  1. Издробете го квасецот (наместо свеж можете да употребите и 1 кесичка сув), додајте млака вода, брашно, маслиново масло и сол па замесете тесто. Ако е прегусто, додајте уште малку вода. Тестото треба да биде глатко и не смее да се лепи за раце.
  2. На намастен плех префрлете го тестото и растегнете го. Оставете го да отстои 15 минути.
  3. За тоа време сварете спанаќ во солена вода, исцедете го и исечкајте го.
  4. Од спанаќот, јајцата, киселото млеко и зачините направете фил и распоредете го по површината на тестото. Изрендајте пармезан на покрупни парчиња и ставете го од горе.
  5. Пицата треба да отстои околу 10 минути. За тоа време загрејте ја рерната на 200 степени. Печете ја пицата 20 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

 

singlepost_text