Поховани печурки кои ќе ги обожавате

Поховани печурки кои ќе ги обожавате

Брз и вкусен оброк!

Состојки:

  • шампињони
  • презла
  • 100 гр брашно
  • 150 мл млеко
  • 1 лажица сок од лимон
  • масло за пржење
  • сол
  • бибер
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Во блендер измешајте свеж магдонос и презла додека не добиете фино мелена смеса, додајте сол и бибер по желба. Магдоносот задолжително измијте го и добро исушете го пред да го измешате.
  2. Во млекото додајте сок од лимон и оставете да отстои десетина минути.
  3. Печурките исчистете ги и исечкајте ги на парчиња дебели околу еден сантиметар.
  4. Во три садови одвоено ставете брашно, млеко со лимон и презла.
  5. Секое парче шампињони добро извалкајте го во брашно, млеко и на крај во презла со магдонос, па ставете да се печат на загреана тава околу три минути, додека не добиете крцкава златна кора.
  6. Послужете со сос на база на мајонез.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт