Мафини со блитва

Мафини со блитва

Лесен и вкусен оброк.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 2 дл јогурт
  • 1 шолја пченкарно брашно
  • 1/2 шолја хељдино брашно
  • 1/2 шолја масло
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 50 гр сирење
  • 1-2 раце блитва или спанаќ

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со вилушка. Во тоа додајте шолја јогурт, масло и сол, па повторно разматете. Во тоа додајте пченкарно брашно и прашок за печиво па додајте хељдино брашно, измешајте. Додајте исечкана блитва и издробено сирење. Измешајте и ставете во калапи. Печете 25 минути на 180 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко