Одличен десерт кој ќе ве освежи во летните денови…
Состојки:
- 2 дл грчки или обичен јогурт
- 2 дл слатка павлака
- 5 лажици какао
- 70 гр шеќер
- 100 гр кремаст путер од кикирики
Начин на подготовка:
- Сите состојки ставете ги во блендер и разматете со миксер. Ставете ја смесата во сад.
- Изладете го сладоледот четири часа, а на секој час вадете го од фрижидер и уште малку матете.
Уживајте!