Сочно свинско во вкусен сос

Сочно свинско во вкусен сос

Сочно свинско месо во сос.

Состојки:

  • 6 големи парчиња свински врат (околу 1,2 кг)
  • 1 лажица сув зачин
  • 1 лажица магдонос
  • 1 лажица сушен босилек
  • 2 ловорови листови
  • 1 лажица мелена црвена пипер
  • 500 мл вода + 300 мл
  • 1 лажица брашно
  • 1/2 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 200 степени. Месото наредете го во тепсија, посипете со сув зачин, магдонос, босилек и ловоров лист. Потоа посипете 500 мл вода. Ставете во рерна да се пече еден час.
  2. Во текот на печењето свртете неколку пати. После еден час време разматете 300 мл вода, брашно, црвена пипер и сол. Прелијте преку месото, протресете ја тепсијата и вратете уште 30 минути да се пече.
  3. Пред послужување протресете ја тепсијата за сосот секаде да се изедначи.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте