Слоевита пита со јаболка: Еве како се прави руска Шарлотка

Слоевита пита со јаболка: Еве како се прави руска Шарлотка

Направете вкусна пита со јаболка…

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1 чаша брашно
  • 4-5 јаболка
  • прстофат сол
  • 250-300 мл павлака
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 100 гр шеќер
  • 20 гр путер

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца и сол. Потоа додајте шеќер и повторно разматете. Додајте павлака, соединете, а потоа и сода бикарбона. Измешајте. Ставете просеано брашно и разматете тесто.

     

  2. Јаболката измијте ги, излупете ги и исечете ги на парчиња. Ставете половина од овошјето во калап, кој сте го намастиле со путер. Јаболката можете да ги посипите со цимет. Ставете половина од тестото на јаболката. Потоа повторно овошје, а преку тесто. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text