Здрави, а вкусни: Мафини со јагоди

Здрави, а вкусни: Мафини со јагоди

Совршени мафини со јагоди…

Состојки:

  • 1/2 шолја млеко по избор
  • 1/2 шолја овесни снегулки
  • 1 шолја јагоди грубо исечкани
  • 1/4 шолја путер на собна температура
  • 10 лажици шеќер + 2 лажици
  • 1 големо јајце
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 3/4 шолја брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1/4 лажичка сол
  • калапи за мафини

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 300 степени. Овесните снегулки прелијте ги со млеко и оставете ги да се натопат. Во сечканите јагоди додајте една лажичка шеќер и оставете на страна. 
  2. Разматете путер и шеќер заедно, а потоа измешајте јајце, ванила и мешавина од овесни снегулки и млеко. Во кремастата смеса додајте брашно, прашок за печиво и сол, мешајќи додека сите состојки не се соединат. Ставете во калапи за мафини и испечете.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text