Збогатете го ручекот: Компир чорба за 20 минути

Збогатете го ручекот: Компир чорба за 20 минути

Доколку сакате пред главното јадење да изедете супа или чорба, овој рецепт добро ќе ви дојде.

Состојки:

  • 70 гр кромид
  • 140 гр моркови
  • 10 гр пашканат
  • 15 гр целер
  • 380 гр компири
  • сол
  • бибер
  • куркума
  • билни зачини
  • ловоров лист
  • магдонос
  • 1 л вода
  • кубети
  • маслиново масло
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте ситно кромид и морков, па продинстајте на масло во тенџере во кое ќе ја готвите чорбата. Исечкајте пашканат и целер па додајте во тенџерето. Налија малку вода па измешајте. Потоа додајте компир, бибер и куркума, па измешајте. Ставете ловоров лист па налијте литар вода. Кога ќе зоврие гответе уште 20 минути. Извадете го ловоровиот лист.
  2. Со миксер изблендирајте ја чорбата, може и во блендер. Зачинете по вкус.

     

  3. Послужете со кубети и маслиново масло.

Добар апетит!

Начинот на подготовка погледнете го во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Cooking“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко