Ручек со тиквици: Поховани полнети ролни со пилешки џигер

Ручек со тиквици: Поховани полнети ролни со пилешки џигер

Брз ручек за сите љубители на пилешки џигер и тиквици.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 300 гр пилешки џигер
  • 50 гр презла
  • 50 гр брашно
  • 2 мали тиквици
  • малку кашкавал
  • сол
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците излупете ги и исечкајте ги на тенки листови по должина и посолете. Оставете 20 минути, па исцедете ја течноста. Ставете тиквица на даска па на почеток ставете кашкавал, па џигер и свиткајте во ролна. На крај прободете со чепкалка.

     

  2. Извалкајте во брашно, разматени јајца па во презла. Редете на послужавник. Пржете во тава во длабоко масло. Поклопете. Пржете од двете страни. Вадете на салфети. Послужете ги топли.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко