Пролетен гулаш, јадење без конкуренција

Пролетен гулаш, јадење без конкуренција

Јадење кое ќе го правите често…

Состојки:

  • 800 гр свинско месо
  • 1 главица кромид
  • 3 моркови
  • 250 гр млад грашок
  • 1 кисело јаболко
  • 200 мл бело вино
  • 1 лажица зачинска пипер
  • масло
  • сол
  • бибер
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Месото исечкајте го на коцки, посолете и побиберете. Кога малку ќе отстои, пропржете го на загреано масло да порумени од сите страни, па извадете го. На истата маснотија пропржете сечкан кромид и пржете го додека малку не омекне, па додајте кругови моркови.

     

  2. Налијте вино, динстајте пет минути, вратете го месото, додајте рендано излупено јаболко, посолете, побиберете и ставете вода. Кога ќе зоврие, намалете го огнот и гответе околу еден час. Пред послужување посипете со сечкан магдонос.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко