Лесен ручек кој брзо се прави: Рецепт за фил за палачинки со тиквици, сирење и сланина

Лесен ручек кој брзо се прави: Рецепт за фил за палачинки со тиквици, сирење и сланина

Брз и вкусен ручек, особено за летните денови. Еве го рецептот:

Состојки:

  • 250 гр тиквици
  • 2 чаши Пекабела кисела павлака
  • 250 гр свежо сирење
  • 150 гр Пекабеско сланина
  • 1 главица кромид
  • пармезан

Начин на подготовка:

  1. Направете палачинки по стандарден рецепт или може да купите веќе приготвени. Тиквиците изрендајте ги, малку посолете и после 10 минути добро исцедете.
  2. На малку масло пропржете сечкан кромид и ситно сечканата Пекабеско сланина, па додајте ги тиквиците и уште некое време пропржете.
  3. Измешајте ги поголемиот дел од сирењето и Пекабела павлаката, зачинете по вкус, па премачкајте ги палачинките, додајте фил од тиквици и замотајте.
  4. Премачкајте со остатокот од сирењето и павлаката, посипете со пармезан и кратко запечете во рерна сирењето да се растопи.
  5. Откако ќе бидат готови, оставете ги палачинките да се оладат, па пресечете ги како на фотографијата и сервирајте по вкус.

Добар апетит!

Повеќе рецепти со производите на Пекабеско погледнете ТУКА

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Солена торта од компири

Солена торта со зеленчук, шунка и кашкавал

Пиперки со кулен и кајмак – Рецепт со кој ќе ги приготвите за 10 минути

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

singlepost_text