Брза пита со сирење и гриз

Брза пита со сирење и гриз

Едноставна подготовка на омилениот доручек.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 300 мл јогурт
  • 150 мл масло
  • 1 прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 300 гр брашно
  • 100 гр гриз
  • 300 гр сирење
  • малку сусам и ленено семе по желба

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца па додајте јогурт и масло. Матете уште малку. Додајте прашок за печиво и сол, потоа брашно и гриз. Убаво соединете. Додајте издробено сирење, измешајте.

     

  2. Намастете плех па ставете ја смесата. Печете во загреана рерна на 200 степени околу половина час.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Кувајмо лако“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко