Вкусен доручек: Мафини од кори за пита

Вкусен доручек: Мафини од кори за пита

За ужина или доручек… Вкусен рецепт!

Состојки:

  • 500 гр кори за пита
  • 400 гр сирење
  • 3 јајца
  • 1 лажица кисела павлака
  • 100 мл масло
  • 100-200 мл млеко
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • малку сусам

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте кори на ленти. Сите останати состојки измешајте ги па ставете ги во исечканите кори. Измешајте и полнете калапи за мафини. Посипете со сусам и оставете десетина минути да отстои. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути во длабоки калапи за мафини, ако се плитки тогаш печете пократко. Треба фино да поруменат.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text