Еурокрем торта: Не сте пробале толку вкусен десерт

Еурокрем торта: Не сте пробале толку вкусен десерт

Оваа комбинација сигурно ќе ви се допадне.

Состојки:

  • 500 мл слатка павлака
  • 200 гр крем сирење
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 150 гр бел еурокрем
  • 150 гр темен еурокрем
  • 1 пакување пишкоти (105 гр)
  • 150 мл млеко
  • сечкано чоколадо за декорација
  • сечкани чоколадни наполитанки за декорација

Начин на подготовка:

  1. Крем сирењето и ванилиниот шеќер соединете ги. Слатката павлака разматете ја, па додајте крем сирење и добро измешајте. Смесата поделете ја на 2 еднакви дела. Потоа во еден дел додајте светол еурокрем, а во друг темен.

     

  2. Во тепсија редете пишкоти потопени во млеко, па преку прво темен фил, убаво израмнете, а потоа ставете светол фил. Декорирајте по желба.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Кувајмо лако“:

singlepost_text