Омилениот доручек без квасец и чекање тестото да нарасне: Уштипци полнети со кашкавал

Омилениот доручек без квасец и чекање тестото да нарасне: Уштипци полнети со кашкавал

Викенд доручек – брза и едноставна подготовка.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 150 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 прстофат сол
  • 125 мл млеко
  • 125 гр кашкавал
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад ставете брашно, додајте прашок за печиво, сол и измешајте. Направете вдлабнатина на средина, додајте разматено јајце, 4 лажици млеко и измешајте. Потоа, додајте го останатото млеко и замесете густо тесто.

     

  2. Додајте рендан кашкавал и се замесете. Земајте по малку од смесата, со дланки обликувајте топчиња, малку притиснете и пржете на загреано масло. Ставајте на кујнска хартија. Сервирајте и послужете ги топли.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text