За само 15 минути: Направете вкусен колач од бисквити и чоколадо

За само 15 минути: Направете вкусен колач од бисквити и чоколадо

Едноставен колач, незаборавен вкус…

Состојки:

  • 3 банани
  • 300 гр мелени бисквити
  • 100 гр рендано чоколадо

Состојки за прелив:

  • 600 мл млеко
  • 3 лажици шеќер
  • 1 пудинг со вкус од ванила
  • 1 лажица густин

Состојки за декорација:

  • малку бисквити или чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Бананите испасирајте ги, а бисквитите и чоколадото измешајте ги. Бананите додајте ги во смесата од бисквити и чоколадо, па со раце убаво соединете. Правете топчиња и редете ги во тепсија. 
  2. Направете пудинг така што во млекото ќе ги додадете сите состојки за прелив и гответе додека не згусне. Прелијте преку топчињата и оставете да се излади еден час.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Кувајмо лако“:

Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Посно: Палачинки без зејтин

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Овошен колач со јагоди

singlepost_text