Поховани тиквици – ќе ги обожавате!

Поховани тиквици – ќе ги обожавате!

Вкусни поховани тиквици.

Состојки:

  • 2 средни тиквици
  • 5 јајца
  • 200 гр брашно
  • 300 гр презла
  • сол
  • 3 дл масло за пржење

Состојки за маринирање:

  • малку магдонос
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица јаболков оцет или лимон
  • прстофат сол

Начин на подготовка:

  1. Добро измијте ги тиквиците, исечете ги врвовите и потоа со тенок нож сечете тенки листови. Исечените тиквици посолете ги и оставете ги 15 минути да го пуштат својот сок кој треба да го исцедите. 
  2. Разматете јајца, посолете. Тиквиците прво извалкајте ги во брашно, јајца, повторно во брашно, јајца, па во презла. 
  3. Пржете ги на средна температура додека не поруменат од двете страни. 
  4. Врелите тиквици премачкајте ги со маринада: измешајте исечкан магдонос, лук, оцет, масло и малку сол.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text