Пита со блитва и сирење

Пита со блитва и сирење

Едноставна подготовка, фантастичен вкус!

Состојки:

  • 350 гр блитва
  • 1 помал праз
  • 1 млад кромид
  • 150 гр кашкавал
  • 4 лажици кисела павлака
  • 150 гр сирење
  • 4 јајца
  • прашок за печиво
  • 2 лажици млеко
  • 2 лажици брашно
  • масло
  • бибер
  • сол
  • зачин
  • лук во гранули

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте кромид и испржете го со малку масло, потоа додајте блитва и продолжете со пржење. Зачинете по вкус. Додајте сирење и кашкавал па соединете. 
  2. Посипете со прашок за печиво, разматете, додајте павлака и брашно и продолжете со матење. На крај додајте млеко и разматени јајца, па измешајте. Префрлете во плех за печење и печете 30 минути на 180 степеи.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт