Пудинг од кафе за десерт

Пудинг од кафе за десерт

Неодолив десерт – пудинг од кафе.

Состојки:

  • 2 дл јако кафе
  • 2 лажички брашно
  • 75 гр шеќер
  • 30 гр маргарин
  • 2 јајца
  • 200 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере разматете омекнат маргарин и брашно. Додајте врело кафе и почекајте да зоврие, со постојано мешање. Тргнете го кремот од оган и додајте една по една жолчка и шеќер. 
  2. На крај додајте снег од белки и се ставете во сад во кој пудингот ќе го готвите на пареа. Тргнете од оган после 15 минути, ставете во шолји, оставете да се излади и ставете во фрижидер. Пред послужување пудингот украсете го со зрна кафе.

Уживајте!

Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Посно: Палачинки без зејтин

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Овошен колач со јагоди