Денес, најголемиот дел од нас не можат да ги замислат своите јадења доколку не се зачинети. Покрај извонредната арома, без додадени маснотии, сол, шеќер и калории, тие го подобруваат вкусот на храната.
Исто така, според многу студии, докажано е дека тие го подобруваат имунитетот, така што додавајќи ги во оброците, му помагаме на нашиот имунолошки систем во борбата против слободните радикали. Имено, зачините се изненадувачки богати и со антиоксиданти, па во таа смисла може во извесна мера да се споредат со овошјето и зеленчукот. Покрај заштитната улога, тие играат улога во намалувањето на воспалителните процеси, а исто така го забрзуваат метаболизмот.
Дел од најчесто употребуваните зачини во кујната и нивната нутритивна корисност:
ЛУК: Има антибиотски и антибактериски карактеристики и затоа е добар во борбата против вирусите и паразитите. Најчесто се користи како подобрувач на вкусот на додаваме во овчо/јагнешко месо, масно месо, сосови и го користиме како зачин за колбаси. Повеќе содржини на оваа тема се достапни на овој ЛИНК
МАГДОНОС: содржи витамини А и Ц, фолна киселина, калциум и железо. Ливчињата се користат за скара, омлети, пире, варени јадења, салати. Не се готви заедно со самото јадење туку се додава во готовото јадење непосредно пред сервирање. Повеќе содржини и рецепти кои содржат магдонос се достапни ТУКА
КОПАР: Копарот има остар вкус и мирис и се користи за риби, ориз, компири, како додаток на сосови и салати. Содржи изобилство на витамин Ц, рибофлавин, витамин Б6, протеинска киселина, фолна киселина и витамин А. Повеќе содржини на оваа тема се достапни на овој ЛИНК
ЕСТРАГОН: Домашно растение, зачин чии лисја и врвови се користат за фини маринади, како зачин за супа и колачи. Може да се користи свеж или сув.
БОСИЛЕК: Има силен мирис кога е свеж и има сладок вкус. Тој е традиционален додаток на многу италијански специјалитети, а исто така се додава во јадења со домати и јагнешко месо. Повеќе содржини и рецепти кои содржат босилек се достапни ТУКА
МАЈЧИНА ДУШИЦА: Има остар мирис. Се додава на печурки, месо, тиквички, динстани и печени јадења, зеленчук и маринади. Повеќе содржини на оваа тема се достапни на овој ЛИНК
МАЈОРАН: Тој е зачин за месо, особено за јадења од мелено месо, за зачинети сосови, како и за живина.
ЖАЛФИЈА: Има горчлив и има силен мирис. Совршено се вклопува со мелено месо, дивеч, зелка, модри патлиџани и ориз. Повеќе содржини на оваа тема се достапни на овој ЛИНК
РУЗМАРИН: Рузмаринот е многу ароматично медитеранско растение. Лисјата се користат со јагнешко, говедско, дивеч, ѓувеч и печен компир. Повеќе содржини на оваа тема се достапни на овој ЛИНК
НАНЕ: Има сладок мирис и „леден “ вкус. Освежителниот зачин се користи со јагнешко месо, сосови, јаболка, како и за декорација на салати. Се додава во јогурт, кускус, грашок и млади компири. Одличен зачин кој го подобрува вкусот на гравот. Повеќе содржини на оваа тема се достапни на овој ЛИНК
ОРИГАНО: Ориганото е зачин со карактеристична арома. Се користи за маринади, говедско, грав, пилешко, модри патлиџани и тиквички. Одлично е за пици, тестенини, омлети и сос од домати, а често се користи и во грчката кујна. Повеќе содржини на оваа тема се достапни на овој ЛИНК
ЛОВОРОВ ЛИСТ: Ловоровиот лист има ароматичен вкус и остар мирис. Најдобро е да го ставите во супи и чорби, како и со риба, месо и живина.
ЦИМЕТ: Има сладок силен мирис и ароматичен вкус. Се става во колачи, пудинзи, овошни десерти – најчесто кај оние со круши и јаболка. Идеален е за десерти кои се приготвуваат од ориз. Повеќе содржини на оваа тема се достапни на овој ЛИНК
ВАНИЛА: Ванилата се додава на десерти, добра е за зголемување на апетитот, како и против гадење, повраќање и дијареја. Повеќе содржини на оваа тема се достапни на овој ЛИНК
БИБЕР: Се користи во зрна или мелен. Биберот во зрна се користи за маринади, а мелениот за зачинување на јадења со месо и риба, сосови, супи и јадења од зеленчук. Повеќе содржини на оваа тема се достапни на овој ЛИНК
КОРИЈАНДЕР: Коријандерот е зачин со силен вкус кој одлично одговара со моркови. Се содржи во зачинот кари. Повеќе содржини на оваа тема се достапни на овој ЛИНК
ЃУМБИР: Ѓумбирот има лут вкус, најчесто се користи во супи, сосови и ѓувеч, но и слатки јадења. Меѓу другото, се користи за компот од круша и тиква зимно време, за свинско печење, рагу, маринади, џемови и колачи. Повеќе содржини на оваа тема се достапни на овој ЛИНК
КАРАНФИЛЧЕ: Најчесто се користи за греено вино и компот, но исто така и за супи, зеленчук, јадења со месо и дивеч. Повеќе содржини на оваа тема се достапни на овој ЛИНК
МОРСКО ОРЕВЧЕ: Се користи за подобрување на вкусот на заситени и слатки супи и сосови, за јадења од мелено месо и поховано месо, за зеленчук, и колачи и други слатки јадења.
КАРИ: Мешавина на зачини од индиската кујна. Содржи од 12 до 15 тропски зачини од бибер, ѓумбир, коријандер . Се користи за јадења од ориз, риба, месо, живина и разни сосови. Повеќе содржини на оваа тема се достапни на овој ЛИНК
КИМ: Повеќе од 5.000 години е познат олеснувач на стомачни тегоби. Се користи за супи и сосови, компири, зеленчук, јадења со месо, сирење и колачи со сирење. Повеќе содржини на оваа тема се достапни на овој ЛИНК
Повеќе рецепти на Gotvi.mk кои содржат зачини:
Компир со маргарин богат со зачини
Деликатес во тава без мака: Пастрмка со зачини и вино
Печени компири со зачини – вкусно јадење од рерна
Ручек од рерна – компири со зачини и сирење