Здрав и вкусен намаз од пилешко месо.
Состојки:
- 400 гр пилешко филе
- 180 гр путер
- 1 лажица зачин
- 1/2 лажичка бибер
- 3-4 чешниња лук
- 2 лажици исечкан магдонос
- 5 лажици сок од лимон
- 1 лажичка куркума
- 1/2 лажичка ѓумбир
Начин на подготовка:
- Пилешкото исечкајте го на коцки и пропржете го на 30 гр путер, посипете со зачин, бибер, додајте иситнет лук и динстајте доливајќи вода додека месото не омекне.
- Месото, додека е топло, иситнете го во сечкалка па измешајте го со омекнат путер. Додајте сок од лимон, куркума, ѓумбир и исечкан магдонос.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи