Прелиен компир запечен во рерна: Брз и вкусен ручек

Прелиен компир запечен во рерна: Брз и вкусен ручек

Идеја за вкусен ручек.

Состојки:

  • 500 гр компири
  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • сол
  • бибер
  • мелена црвена пиперка
  • масло
  • 100 гр сирење
  • 2 јајца
  • 100 мл млеко
  • 1 лажица кисела павлака
  • 50 гр рендан кашкавал
  • малку сланина

Начин на подг отовка:

  1. Компирите исчистете ги па исечкајте ги на кругови. Посолете, побиберете, додајте црвена пиперка и малку масло. Исечкајте на кругови кромид и лук. Добро измешајте.

     

  2. Намастете мала тепсија. Во сад скршете јајца па разматете со жица, додајте рендано сирење, млеко, павлака и измешајте.

     

  3. Во тепсија наредете компири, од горе издробете сирење, прелијте со подготвениот прелив. Преку наредете сланина. Печете на 220 степени околу 50-60 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text