Несекојдневен оброк за целото семејство.
Состојки:
- 500-600 гр тиквици
- 2 чешниња лук
- 100 гр шунка
- 100 гр кашкавал
- 2 јајца
- 100 гр брашно
- 100 гр презла
- 1 лажица млеко
Начин на подготовка:
- Тиквиците исечкајте ги на тенки кругови, па посолете ги и додајте ситно сечкан лук. Оставете ги така 10-15 минути, па процедете. Кашкавалот и шунката исечкајте ги на квадрати со приближна големина како и тиквиците.
- Земете кругови тиквици, ставете парче шунка и парче кашкавал и спојте.
- Јајцата разматете ги со млеко, па тиквиците потопете ги во брашно, јајца и на крај во презла. Пржете во загреано масло.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Кувајмо лако“: